Top Sport

Нуркиќ казнет 40.000 долари за конфронтацијата со навивачот на Пејсерси

Кошаркарот на Портланд трејлблејзерс, Јусуф Нуркиќ доби казна од 40.000 долари од НБА лигата по конфронтацијата со фанот на Индијана пејсерс.

Нуркиќ му го фрли мобилниот телефон на навивачот, а според американските медиуми кошаркарот од Босна и Херцеговина се решил на ваков потег, откако прво тој му кажал „Мајка ти е ѓубре, а баба ти кучка“. Бабата на Нуркиќ почина во 2020 година откако се зарази со КОВИД-19.

Scroll to Top