Top Sport

Чоло Симеоне го договорил и Хермосо

Атлетико Мадрид и тренерот Диего Симеоне ја завршија реконструкцијата на одбраната. По завршувањето на сезоната Атлетико го напуштија долго годишните играчи Диего Годин, Хуанфран Торес и Фелипе Луис.

Реконструкцијата на одбраната Симеоне ја заврши со потенцијалниот шпански репрезентативец Марио Хермосо, откако вчера водечките медиуми објавија дека клубот постигнал договор со Тотенхем околу трансферот на Киран Трипе.

Атлетико и Еспањол се договориле Хермосо да се пресели во Мадрид за сума од 30 милиони евра. Од почетокот на преодниот рок клубовите преговараа, но Атлетико не сакаше да ја плати клаузулата од 40 милиони евра, бидејќи договорот на Хермосо со Еспањол важеше уште една година.

На крајот клубовите сепак постигнале договор.

Хермосо во 2017 година како слободен играч од Реал Мадрид се пресели во Еспањол. Минатата сезона одигра 35 натпревари и постигна три гола.

Медиумите пишуваат дека 24 годишниот фудбалер в четврток или в петок ќе им се приклучи на новите соиграчи.

Scroll to Top