Top Sport

„Се надевам Гобељиќ ќе добие долга суспензија, мојот играч можеби ја заврши кариерата“

Тренерот на Судува Владимир Чебурин им го честитал пласманот на фудбалерите на Црвена ѕвезда и изразил надеж дека фудбалерот на белградскиот тим Марко Гобељиќ ќе биде жестокот казнет.

Црвена ѕвезда ја мина Судува со 2:1 во Белград, а мечот го обележа грубиот старт на Гобељиќ врз Славицкас. Играчот на Судува се здоби со фрактура на потколеницата и го очекува долга пауза.

„Тажное тоа што се случи. Се надевам дека играчот ќе добие голема казна, бидејќи стартот навистина беше груб. Не го велам ова бидејќи сум лут, туку поради тоа што Славицкас нема да може да игра година или две, а можеби нема да може да ја продолжи професионалната кариера“, рекол Чебурин.

Неговиот колега Дејан Милојевиќ на прес конференцијата се извинил за прекршокот на Гобељиќ, а истото го направиле и уште неколку други играчи на Црвена ѕвезда.

Scroll to Top