Тахит Чонг нема намера да ја чека својата шанса во Манчестер Јунајтед. Решил да го напушти „Олд Трафорд“ и да ја прифати понудата од Интер.
„Тутоспорт“ тврди дека 20 годишниот Холанѓанец веќе се согласил да потпише петгодишен договор со Интер. Чонг на „Џузепе Меаца“ треба да пристигне како слободен играч.
Неговиот договор со Јунајтед истекува по завршувањето на сезоната, а одбил да потпише нов договор.
Истиот извор наведува дека Интер Чонг ќе го искористи и во маркетинг кампањите во Азија, бидејќи тој има кинески корени.
Доколку се договори со Интер, многу е веројатно дека наредната сезона ќе биде позајмен во Сасуоло, Парма или Верона.
Чонг пред четири години во Манчестер Јунајтед се пресели од Феенорд. Оваа сезона има одиграно само 34 минути во Премиер лигата.