Неколку часа пред победата на ПСЖ над Ремс во текот на викендот, нивната прва ѕвезда Нејмар за малку ќе имал проблем со натрапник, откако човек со ранец полн библии сакал да влезе во неговиот дом за да „го шири зборот на Бога“, тврдат француските медиуми.
Според „Л’Екип“, мистериозниот човек успеал да дојде до вратата на луксузниот апартман на Бразилецот, пред обезбедувањето да реагира, а човекот да заврши во психијатриска болница.
Ова доаѓа откако во март неговиот соиграч Анхел ди Марија имаше многу пострашно искуство, кога сред меч (1:2 поразот од Нант), доби повик дека неговото семејство било мета на крадци. Капитенот Маркињос пак, исто така имаше „посета“ од крадци додека неговото семејство од Бразил било во неговиот дом.
Ова е втора вознемирувачка ситуација за Нејмар, откако во неделата почина неговиот близок пријател, бразилскиот музичар МЦ Кевин на само 23 години, откако тој падна од петти кат од зграда во Рио де Жанеиро неколку дена откако се ожени.
INFO L'ÉQUIPE – Un homme interpellé après s'être introduit dans la propriété de Neymar
L'intrus avait été mis en fuite par le service de sécurité de la star brésilienne après avoir réussi à escalader le mur de sa propriété https://t.co/7DbfkywSfl pic.twitter.com/uslN0eGI1M
— L'ÉQUIPE (@lequipe) May 17, 2021