Eвропскиот шампион Реал Мадрид го промовираше Французинот Орелиен Чуамени кој за сума од 100 милиони евра пристигна на „Сантијаго Бернабеу“.
Претседателот Флорентино Перез од него очекува да биде идна ѕвезда на тимот.
„Среќен сум што ја започнувам приказната во Реал Мадрид, ова е најдобриот клуб во светот. Ќе работам напорно за да освојувам титули со овој клуб. Благодарност до сите кои ми помогнаа да ја имам оваа можност“, изјави Чуамени.
Реал Мадрид за Чуамени плати 80 милиони евра, а дополнителни 20 милиони би можеле да бидат доплатени преку разни бонуси.