Top Sport

„Да не се игра СП Кваратцкелија ќе ја освоеше Златната топка“

Фудбалерите на ПСЖ ја одбранија титулата европски шампион откако го победија Арсенал во финалето по изведувањето пенали со 4:3. Натпреварот заврши 1:1 по 120 минути, а головите ги постигнаа Каи Хаверц за Арсенал во шестата минута и Усман Дембеле од пенал во 65-та минута за ПСЖ.

Иако голот за израмнување го постигна Дембеле, актуелниот освојувач на Златната топка, а наградата за играч на натпреварот му припадна на Витиња, еден од најзаслужните играчи за европската титула остана во сенка. Станува збор за Хвича Кваратцкелија, врз кого беше направен пеналот, од кој ПСЖ стигна до израмнување.

Неговиот огромен придонес во успехот на ПСЖ не остана незабележан од легендарниот италијански фудбалер Алесандро Дел Пјеро.

„Да не беше Светското првенство, Кваратцкелија сигурно ќе ја освоеше Златната топка. Никој не беше толку важан со своите голови, асистенции и целокупното влијание врз играта“, изјави Дел Пјеро за „Скај Спортс“.

Грузиецот постигна 19 гола и забележа 11 асистенции во 48 настапи оваа сезона. Тој пристигна во ПСЖ минатиот јануари од Наполи за 80 милиони евра.

Дел Пјеро накратко се осврна на настапот на Арсенал во финалето. „Тие одиграа извонредна сезона, иако во финалето изгледаа премногу пасивно откако поведоа. Но, тоа е единствената забелешка за нивната одлична сезона. Треба да се запомни дека Премиер лигата е многу тешка“, заклучи Италијанецот.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');