Играчот од средниот ред на Челси, Вилијан изјави дека им наредил на неговите адвокати да реагираат откако со „фалсификуван“ документ Бразилецот се нудел на одредени тимови.
Според 29-годишниот Бразилец, постои документ на кој има негов фалсификуван потпис за промена на неговиот агент, кој потоа би имал овластување да го понуди на другите тимови. Вилијан тврди дека никогаш не потпишал таков документ, откако ова лето беше поврзуван со трансфер во Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Барселона.
„Би сакал да објаснам дека никогаш не потпишав такво писмо и содржината ја демантирам. Има јасни докази дека се работи за фалсификат, по што моите адвокати ќе ги преземат сите потребни мерки пред судовите и властите“, се вели во постот на Инстаграм на Вилијан.
Ова „чудно писмо“ се појавува откако Вилијан, кој помина пет сезони во Челси, не се појави на тренинзите на „сините“ минатиот петок поради како што самиот објасни, проблемите со пасошот.
Новиот менаџер на Челси, Маурицио Сари според „Би-би-си“ е незадоволен од ситуацијата и бара личен одговор од Бразилецот.