Фудбалската репрезентација на Македонија е пред нов предизвик, в четврток на Националната арена „Тодор Проески“ гостува Грузија, а Дарко Чурлинов најавува дека нашиот национален тим ќе атакува на победа.
„Грузија е квалитетна репрезентација, но ние веруваме во нашите квалитети и мислам дека можеме до победа. Ако ги одработиме задачите што ќе ни ги зададе селекторот, се надевам дека ќе стигнеме до посакуваната цел. А ние сакаме да завршиме на првото место во групата. Секој нареден натпревар е клучен, мора да се слави на сите и да се освојат трите бода“, изјави Дарко Чурлинов.