Top Sport

Чурлинов резерва, Барнли го декласира Норич

Фудбалерите на Барнли продолжуваат со извонредните игри во Чемпионшип, бидејќи го декласираа Норич на гости со 3:0 во натпреварот од 30. коло.

Последниот пораз на Барнли во Чемпионшип го имаше на 5. ноември, а оттогаш забележаа девет победи.

Барнли поведе со голот на 22. годишниот Мароканец Анас Зарури во осмата минута.

Гостите победата ја потврдија во 54. и 60. минута, кога погодија Витињо и Екдал.

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов не доби шанса од менаџерот Венсан Компани. Победата на соиграчите ја гледаша од клупата за резерви.

Барнли е на врвот на табелата со 65 бодови, седум повеќе од Шефилд Јунајтед, кој ремизираше без голови со Ротерам и 17 бода повеќе од третоппласираниот Лутон. Првите два тима во Чемпионшип директно одат во Премиерлигата, за третото место се игра плеј-оф.

Scroll to Top