Top Sport

УФЦ го потврди враќањето на Мекгрегор

Конор Мекгрегор се враќа во октагонот, потврди денеска првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт, а противник на ирската ѕвезда ќе биде американскиот борец Мајкл Чендлер. Локацијата и датумот на борбата се уште не се познати.
Шефот на УФЦ, Дејна Вајт, денеска објави дека Мекгрегор и Чендлер претходно ќе имаат улоги како тренери во „The Ultimate Fighter – TUF“.

„Потврдени се тренерите за 31. сезона на „TUF“. Конор Мекгрегор и Мајкл Чендлер ќе бидат тренери. Сезоната ќе трае од 30. мај до 15. август. На крајот на сезоната Мекгрегор и Чендлер ќе се борат. Се уште немаме датум и локација, но наскоро ќе дознаеме“, рече Дејна Вајт.

Мекгрегор по две години ќе се врати во октагонот. Последен пат се бореше во јули 2021 година кога ја скрши ногата во поразот од Дастин Поарие.

Ирецот во меѓувреме имаше бројни скандали. Како и секогаш, многу се зборуваше за неговото враќање, а тој најавува дека се враќа по шампионските титули.

Ирецот во професионалната ММА кариера има 28 борби, има биланс од 22 победи и шест порази.

Мајкл Чендлер е член на УФЦ од 2021 година. Кариерата ја започна со спектакуларен нокаут над Ден Хукер, но потоа загуби неколку важни борби.

Во борбата за титулата во лесна категорија загуби од Чарлс Оливеира, а потоа и од Џастин Гетје и Дастин Поарие. Чендлер има учинок од 23 победи и осум порази во својата професионална кариера, беше и шампион во Белатор во лесна категорија.

Scroll to Top