Top Sport

Чурлинов заигра на „Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед го елиминира Барнли

Манчестер Јунајтед го победи Барнли со 2:0 и се пласира во четврт-финалето на Карабао куп. Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов одигра половина час во тимот на гостите на „Олд Трафорд“ и имаше една убава можност за погодок која не ја искористи.

Манчестер Јунајтед поведе со голот на Кристијан Ериксен во 27.минута, а во вториот дел Маркус Рашфорд го постави конечниот епилог.

Нотингем Форест славеше со 1:4 против Блекбурн, а Чарлтон на пенали (4:3) го елиминира Брајтон.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');