Top Sport

Цифрите кои ПСЖ ги нуди на Мбапе се надвор од умот

Откако претходно беше објавено дека Пари Сен-Жермен се подготвени да му дадат годишна плата од 25 милиони евра на Килијан Мбапе за да го продолжи договорот, „Би-би-си“ денеска оди подалеку и тврди дека богатиот клуб е подготвен да му даде и неверојатни 150 милиони фунти како бонус за потпишување!

Сагата околу следната дестинација на 23-годишнта фудбалска суперѕвезда почна уште во јануари, кога ПСЖ наводно одби понуда од 220 милиони евра од Реал Мадрид, по што се веруваше  дека „кралевите“ дефинитивно ќе го добијат Французинот и тоа на слободен трансфер.

Но, ПСЖ очигледно не се предаваат така лесно, што го призна и самиот Мбапе по неделната победа над Лориен.

„Уште не сум направил одлука, има некои нови елементи кои треба да се земат во предвид. Кои елементи? Некои нови елементи“, изјави тогаш Мбапе.

Според „Би-би-си“, новите елементи се огромните финансии кои катарските газди на ПСЖ се подготвени да ги дадат. Мбапе, пак, нема професионален агент и е застапуван од своите родители, кои би добиле 50 милиони евра провизија доколку ја прифатат понудата на ПСЖ.

Од друга страна во Реал Мадрид наводно се „опуштени“ околу ситуацијата и сигурни дека ќе има договор, и одат дотаму што веќе не се подготвени да влегуваат во наддавање за Норвежанецот Ерлинг Браут Халанд.

Scroll to Top