Top Sport

Цимискас пак го „јадеше“ од Милнер!

Ливерпул стигна до лесна 3:0 победа над Норич во првиот меч од Премиер лигата, но тоа не го спречи ветеранот Џејмс Милнер да му даде лекција на грчкиот дефанзивец Коста Цимискас.

Цимискас, за кого ова беше прв меч во англиската елита како замена за повредениот Енди Робертсон, загуби една топка на работ на шестнаесетникот и Милнер експлодираше. Иако немаше ништо од шанса за гол, 35-годишниот ветеран реши да му даде лекција, со придружна шлаканица.

Ова не е првпат грчкиот дефанзивец да е на мета на Милнер, кој изјави дека го смета за свој пулен. На пријателскиот меч против Штутгарт, и покрај солидниот натпревар Милнер неколку пати му се дереше на Цимискас што не му подава.

Јирген Клоп, сепак, беше задоволен од Цимискас, кој дојде за 11 милиони фунти во август 2020.

„Беше многу добар. 80 минути играше добро, беше вклучен и во офанзивната игра, стабилен беше. Потоа малку падна во формата, но мислам дека ова беше добро деби“, изјави Клоп.

Scroll to Top