Top Sport

Цирих го отпуштија Малуда, но не му кажаа!

Швајцарскиот прволигаш Цирих денеска објави дека се разделиле со нивниот помошник тренер Флорен Малуда, иако, очигледно не му го соопштиле тоа на поранешниот фудбалер на Челси.

38-годишниот Малуда работеше како тренер на напаѓачите со Цирих од февруари, но швацјарскиот клуб преку Твитер објави дека неговите „други активности“ пречеле на работата.

„ФЦ Цирих и Флорен Малуда со взаемна одлука ја прекинаа соработката која стартуваше неодамна. Различните проекти на кои Малуда беше вклучен не беа компатибилни со неговата задача во Цирих. Му посакуваме најдобро во идната кариера“, напишаа од Цирих.

Малуда, пак, на ова одговори со кратка порака.

„Навистина? Не го знаев ова!“, напиша Малуда.

Scroll to Top