Top Sport

Билд: Левандовски и Коман се степале на тренинг

Роберт Левандовски и Кингсли Коман имале „насилна“ пресметка на тренингот на Баерн Минхен и морале да бидат одвојувани од своите соиграчи, тврди германскиот „Билд“.

Според весникот, инцидентот се случил откако Левандовски го критикувал Коман, по што дефанзивците Никлас Зиле и Џером Боатенг морале да реагираат. Тренерот Нико Ковач им дозволил да продолжат со тренингот, одлука која го изненадила остатокот на тимот.

Според „Билд“ ова не е првпат полскиот напаѓач Левандовски да се пресметува со своите соиграчи на тренинг, откако лани бил блиску до тепачка со Матс Хумелс.

Интересно е што нервозата во тимот доаѓа откако минатиот викенд Баерн го декласираше тимот на Борусија Дортмунд со 5:0 за да се искачат на првото место на табелата.

Scroll to Top