Јужноамериканската фудбалска конфедерација (ЦОНМЕБОЛ) може да му додели на мега-ѕвездата на Барселона, Лионел Меси двегодишна суспензија по неговите коментари по црвениот картон кој го доби во мечот за трето место на Копа Америка против Чиле (кој Аргентина го доби со 2:1).
Меси ги обвини организаторите и судиите на Копа Америка дека се „корумпирани“, тврдејќи дека турнирот е „наместен“ за да победи Бразил. Тој одби да го прими медалот за трето место, откако прво го опиша судењето како „срање“ по елиминацијата од Бразил во полуфиналето.
Правилата на ЦОНМЕБОЛ велат дека не се дозвлени никакви навреди кон конфедерацијата, институциите и персоналот, и ако се почитуваат правилата Меси може да добие казна од две години со што не само што би ги пропуштил квалификациите за СП во 2022 во Катар, туку и Копа Америка 2020, која се оддржува во Колумбија и Аргентина.
ЦОНМЕБОЛ веднаш реагираше со соопштение велејќи дека коментарите на Аргентинецот се „неприфатливи“.
„Тие обвинувања покажуваат недостаток на почит кон натпреварувањето, сите фудбалери кои се вклучени и стотината професионалци во ЦОНМЕБОЛ, институција која работи на развојот на јужноамериканскиот фудбал“, се вели во реакцијата.
Comunicado Oficial pic.twitter.com/x6DE1emoSQ
— CONMEBOL.com (@CONMEBOL) July 7, 2019
Leo Messi isn’t holding back ?
? @TyCSports pic.twitter.com/LsCGoSX8ae
— 433 (@official433) July 7, 2019
? CONMEBOL could suspend Messi for up to 2 years after his comments:
“Behaving in an offensive, insulting or defamatory manner of any kind and also insult in any way and by any means to the CONMEBOL, its authorities, officials, etc..” [as] pic.twitter.com/4Sq3xw4Kkt
— FC Barcelona Fl ? (@FCBarcelonaFl) July 7, 2019
Меси бесен и покрај бронзата: Копа Америка е „наместена“ за Бразил