Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо уште еднаш се врати во Мадрид, овојпат да ја отвори својата нова клиника за пресадување на коса со јасна порака – да се помогне на шпанскиот народ, но и на шпанската економија.
Португалецот беше присутен на отварањето на клиниката која е во 50 отсто негова сопственост и 50 отсто на португалската компанија „Инспарја групација“.
„Алопекијата е голем проблем во Европа и низ целиот свет и сакаме да им помогнеме на луѓето да ја зголемат самодовербата и да не се срамат да дојдат кај нас. Секој сака да си го гради својот имиџ и јас сум јасен пример за ова. Затоа кога Пауло Рамос дојде кај мене со овој проект решив да се вклучам. Сакам да помогнеме на Шпанците, но и на шпанската економија“, вели Роналдо.
„Инспарја групацијата“ поседува 10 клиники во Португалија и има извршено над 35.000 трансплантации по цена од 4.000 до 7.000 евра.