Top Sport

ЦР7 со натчовечки скок го врати Јуве на врвот (видео)

Јувентус стигна до 2:1 победа на гостувањето во Џенова кај Сампдорија, за да се врати на првото место во Серија А, барем до мечот на Интер со вториот клуб од Џенова, благодарение на головите на Пауло Дибала и Кристијано Роналдо.

„Старата дама“, за која својот рекорден 647. меч во Серија А го одигра Џанлуиџи Буфон, дојде во водство со уште еден убав гол на препородениот Пауло Дибала уште во 19. минута од мечот, меѓутоа домаќините успеаја да израмнат преку Џанлука Капрари во 35. минута од дуелот.

Човек на одлука беше Кристијано Роналдо, кој во самиот финиш на полувремето стрелаше со глава за да ја продолжи низата – првпат во дресот на Јуве постигнува гол петти меч едноподруго.

Јувентус се први со 42 поени пред Интер со 39 и Лацио со 36, додека Сампдорија останува на 17. место со 15 поени.

Scroll to Top