Top Sport

Црепуља е „цреп“! Бизарен автогол на Хрватот

Хрватот Љубан Црепуља е авторот на најспектакуларниот автогол во последно време, откако по мечот од романскиот шампионат помеѓу Астра и ЦФР Клуж, уште никој не сфати што мислеше да направи.

При резултат 0:0 при крајот на првото полувреме, Црепуља како да беше збунет што топката дојде до него, и реши да ја забие во својот гол. На крајот, ЦФР Клуж стигна до гостинска 0:2 победа.

Scroll to Top