Top Sport

Кога и уметничкото лизгање е опасен спорт – лизгач заврши во болница

Кога се зборува за најопасните физички спортови, уметничкото лизгање секако не е на врвот, но случката на Рускиот куп во Сизран покажува дека и овој „уметнички“ спорт може да е многу опасен.

17-годишниот Максим Серов заврши во болница со „сериозен потрес на мозокот“, откако со партнерката Анастасија Фјодорова имаше опасен пад во петокот. Вознемирувачкото видео го покажува падот на Серов во кој тој ја удри главата од мразот, и иако се обидуваше да стане, беше јасно дека му е потребна медицинска помош.

„Пристигнавме во болницата и по тестовите се покажа дека има сериозен потрес на мозокот. За среќа нема ништо повеќе и сега му е потребен одмор. Сите бевме исплашени“, вели неговиот тренер, Анџелика Крилова.

Scroll to Top