Top Sport

ЖРК Вардар со нова победа во ВХРЛ

Вардар по вторпат оваа сезона го совлада Будуќност, овојпат со тесни 21:20 за четврта победа во четвртиот натпревар во регионалната ВХРЛ лига.

Будуќност имаше предност од 18:15 во финишот на мечот, но со брз пресврт и со одлучувачкиот гол на Александра Лакрабер, Вардарки стигнаа до нова победа, втора на турнирот во Љубљана, откако во петокот беа подобри и од Крим.

Хмирова со 5 гола беше најефикасна кај ЖРК Вардар, а Јауковиќ беше прв стрелец со 7 гола на Будуќност.

Scroll to Top