Фудбалерите на Црвена звезда ја освоија својата трета титула едноподруго во српската Суперлига, откако на гостувањето кај Рад славеа со убедливи 5:0 за 31. титула во историјата на белграскиот клуб.
Пред овој меч, „црвено-белите“ имаа предност од 11 поени пред вечниот ривал Партизан на четири кола пред крајот на шампионатот, покажувајќи уште еднаш дека се неприкосновени во шампионатот.
Уште по првото полувреме, Звезда имаше 3:0, откако во 24. минута Иваниќ од пенал го отвори резултатот, а Бабиќ (30.) и Вукановиќ (36.) ја потврдија победата. Во второто полувреме, Дегенек во 57. минута зголеми на 4:0, пред Вукановиќ во 82. минута да го постави конечниот резултат.