Генералниот директор на фудбалскиот клуб Црвена звезда, Звездан Терзиќ, најавил дека клубот ќе гради нов стадион. Терзиќ не прецизирал дали стадионот ќе се гради на местото каде што се наоѓа легендарната „Маракан“ или ќе биде изграден на некоја друга локација.
Терзиќ плановите на клубот ги открил на традиционалната вечера што Црвена звезда а организираше по повод завршувањето на есенскиот дел од сезоната.
„Формиравме работна група бидејќи сакаме да изградиме нов стадион. Ќе ни бидат потребни две години за се да подготвиме. Очекувам дека изградбата ќе започне за две години. Ќе има капацитет од 42.000 седишта, а изградбата ќе чини 200 милиони евра“, рекол Терзиќ.