Top Sport

Црвениот картон пресуди: Бугарија минимално триумфираше во Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Бугарија со 0:1 на арената „Тодор Проески“ во последниот меч од Лигата на нации и на крајот завршува на третото место во групата. Бугарија успеа да стигне до втората позиција, откако Кирил Десподов беше стрелец на победоносниот гол во 50.минута од натпреварот.

dobivaj vesti na viber

Македонија играше со фудбалер помалку од 14. минута кога црвен картон заработи Тодор Тодороски. Тој грубо стартуваше над противнички фудбалер и беше исклучен.

Откако останавме со играч помалку, селекторот Благоја Милевски реагираше и го повлече од игра Александар Трајковски. Го внесе на теренот Стефан Ашковски, кој требаше да ја пополни празнината што се појави по исклучувањето на Тодороски.

Милан Ристовски во 25.минута го испрати единствениот сериозен удар од 20 метри, но бугарскиот голман Даниел Наумов успеа да одбрани.

На почетокот на второто полувреме, Бугарија дојде до водство. Во 50.минута, гостите изведоа брз противнапад, а одличен реализатор беше Кирил Десподов, кој ја прими топката на гради и успеа да го совлада Столе Димитриевски.

Во 62.минута, Македонија имаше одлична шанса за израмнување. Езгјан Алиоски зафати волеј – удар, но Антов спаси на самата гол – линија.

Во 81.минута уште еднаш се закани Алиоски, но не беше прецизен.

На крајот и за приемот што го добија Бугарите. Со свирежи беше испратена нивната химна пред почетокот на натпреварот, а имаше и непријатни скандирања „Бугари – татари“, „Бугарски пи*ки“, итн…

Standings provided by SofaScore

Scroll to Top