Ливерпул ги поминаа Манчестер јунајтед како најуспешен англиски клуб по бројот на освоените големи домашни и европски трофеи. „Црвените“ по 30 години ја освоија својата 19 англиска титула откако Манчестер сити загубија со 2:1 од Челси и иако Манчестер јунајтед имаат 20 лигашки титули, Ливерпул сега има еден трофеј вкупно повеќе од „ѓаволите“ 43:42.
Покрај 19-те лигашки титули, Ливерпул имаат 6 ФА купа, 8 Лига купа, 6 европски титули и 3 „други“ европски титули. Манчестер јунајтед имаат еден трофеј помалку, бидејќи имаат помалку лига-титули и европски шампионати.
За одбележување е дека двата гиганти од северна Англија се убедливо најуспешните тимови – зад нив следува Арсенал со „само“ 30 титули, Челси се четврти со 24, а Манчестер сити на пеп Гвардиола имаат 20 титули, колку што има и Астон вила.