Top Sport

Цволе оствари рекордна победа во Холандија

Неверојатен меч беше одигран синоќа во Втората лига на Холандија. Цволе го победи Ден Бош со 13:0, и го израмни рекордот за најубедлив триумф што досега беше во сопственост само на Ајакс. Гигантот од Амстердам со идентичен резултат во 2020 година го победи Венло.

Во првото полувреме Цволе седум пати ја тресеше мрежата на Ден Бош, а во вториот дел дополни уште шест погодоци.

Напаѓачот Апостолос Велиос беше стрелец на четири гола.

Scroll to Top