Top Sport

„Да бев Хамес ќе му кажев на Зидан да јаде го..а“

Колубиецот Хамес Родригес и синоќа не доби шанса да настапи за Реал. „Кралскиот клуб“ ја победи Валенсија во дербиот на колото со 3:0. Хамес не играше и на првиот меч по ре-старто на сезоната против Еибар.

Славниот сонародник на Хамес, Фаустино Асприлја има интересно мислење за сиуацијата во која фудбалерот се наоѓа во Реал.

„Хамес не е неодговорен. Тренира секој дена како и сите останати фудбалери. Тренерите говорат дека сите играчи им се исти со цел да ги мотивираат. Но секогаш постојта тројца-четворица кај Реал кои редовно влегуваат од клупата за резерви“, рекол Асприлја за „Блу радио Колумбија“.

Тој смета дека Хамес е многу подобар од оние кои ја добиваат довербата на тренерот Зинедин Зидан.

„Немојте да ми кажете дека најдобриот стрелец на Светското првенство послаб играч од Маријано Дијаз. Треба да го мпочитуваат. Хамес е трпелив, јас да бев на неговото место ќе му кажев на Зидан да јаде го..а“.

Scroll to Top