Top Sport

Крај на сезоната за играчот на Арсенал

Фудбалерот на Арсенал Пабло Мари поради повреда ја заврши сезоната. Шпанецот се повреди на првиот меч по ре-стартот на сезоната во Премиерлигата против Манчестер сити.

Мари во раната фаза на натпреварот кој се одигра во средата го повреди глуждот на десната нога.

На теренот мина 24 минути. На неговото емсто влезе Давид Луиз кој потоа стана трагичар на натпреварот. Бразилецот направи грешка и му дозволи на Стерлинг да го постигне првиот гол, а потоа на стартот на вториот дел направи пенал и доби црвен картон.

Сезонава Пабло Мари има одиграно само три натпревари за Арсенал.

Инаку Мари во Арсенал игра како позајмен играч на Фламенго. По оваа повреда прашање е дали Арсенал ќе го откупат неговиот договор.

Scroll to Top