Top Sport

Да се знае кој е „крал“! Историска „ремонтада“ на Реал за големо финале против Ливерпул

Реал Мадрид ќе игра за својата 14. титула од Лигата на шампиони, откако во неверојатна мајска вечер во Мадрид, успеаја да ги совладаат Манчестер сити со 3:1 по продолженија за да ја елиминираат нивната предност од 4:3 од првиот меч и да обезбедат финале против Ливерпул на најдраматичен можен начин.

Во Париз, Реал ќе играат со Ливерпул во реприза на финалето од Киев во 2018 година, кога „кралевите“ ја освоија својата 13-та титула.

Тимот на Карло Анчелоти, кој викендов ја прослави својата 35. титула во Шпанија, изгледаше дека ја потроши среќата со неверојатните враќања против Челси и Пари Сен-Жермен, кога Ријад Марез во 73. минута постигна фантастичен гол за да донесе водство од 0:1, што значеше дека им се потребни два гола за помалку од дваесет минути за да обезбедат барем продолженија.

Тогаш на сцена стапи Родриго – Бразилецот прво во 90. минута успеа да израмни на 1:1, за само две минути подоцна да ја натскока цела одбрана на Сити за 2:1 и продолженија. Само што почна првото продолжение беше досуден пенал за „кралевите“, за Карим Бензема да го постигне својот 15. гол во ЛШ оваа сезона, што на крајот беше доволен за големо финале, и пкрај „опсадата“ на нивниот гол.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top