Бразилскиот фудбалер Даглас Коста ги отфрлил шпекулациите дека ќе замине од Јувентус во Манчестер Јунајтед.
Англиските медиуми долго време шпекулираат дека „црвените ѓаволи“ се сериозно заинтересирани за Бразилецот. Даглас Коста тврди дека вакво сценарио не е можно бидејќи ако треба и „ќе даде и крв“ за Јувентус.
„Ова го пишувам за да ги отфрлам сите шпекулации кои се објавени, а се однесуваат на преговори со одредени клубови во финишот на преодниот рок. Веќе сум кажал дека сакам да останам во Јувентус, да освојувам трофеи, дури и крв ќе дадам за Јуве ако треба. Жуниор Мендоса е мојот менаџер и единствената личност која има дозвола да говори во мое име“, порачал Даглас Коста.