Top Sport

Реал и Јувентус во трка за потписот на Ериксен

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен на крајот од сезоната во слободен трансфер ќе го напушти Тотенхем. Летово постоеше интерес за Ериксен кај неколку клубови, но ниту еден од нив немаше намера да плати 70 милиони евра.

Бидејќи по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч во трка за неговиот потпис, според медиумите, влегле Реал Мадрид и Јувентус. Ериксен во јануари ќе може да преговара со заинтересираните клубови.

Јувентус се кралеви на слободните трансфери. Никој во Европа не работи како „старата дама“ кога се во прашање фудбалерите чии договори истекле.

Ова лето како слободни фудбалери во Јувентус пристигнаа Адријен Рабио и Арон Ремзи.

Од друга страна шпанските медиуми пипуваат дека Реал веќе ја завршиле работата и дека од наредната сезона ќе го носи дресот на „кралскиот клуб“.

Кристијан Ериксен пред Тотенхем играше во Ајакс.

Scroll to Top