Бразилскиот фудбалер Дејверсон стана херој на навивачите на Палмеирас откако го постигна победничкиот гол во продолжението за 2:1 победа над Фламенго во финалето на Копа Либертадорес, но стана и „меѓународно славен“ по неверојатниот обид за симулирање во финишот на натпреварот.
Мечот во Монтевидео беше полн со тензија, како што е секое големо финале, но 30-годишниот Дејверсон малку претера во обидот да го потроши времето, откако по едно поттурнување од страна на судијата, падна како да го погодил проектил.
Incredible time-wasting effort from Deyverson in the last minute of the Copa Libertadores final ? pic.twitter.com/bnd0QejpvV
— Matthew Stanger (@MatthewStanger) November 27, 2021