Top Sport

Видал мета на крадци – останал без специјалниот Мерцедес од 400.000 евра

Италијанските медиуми тврдат дека за време на дербито на Милано, крадци влегле во домот на чилеанскиот ветеран на Интер, Артуро Видал и му украле Мерцедес вреден 400.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Според весникот „Ла провинција ди Комо“, крадците влегле во вилата на Чилеанецот во Сан Фермо, во близината на Комо, за време на дербито на 7 ноември и покрај скапото возило, тој останал и без злато и друг накит.

За среќа, Видал неколку дена пред тоа дерби на тренинг на Интер пристигна со стара „Фиат Панда“, така што сигурно има превоз до тренинзите на „нераѕурите“.

Видал пред некој ден пијан влегуваше во автомобил, сега вози „Фиат Панда“!

 

Scroll to Top