Top Sport

Дали Александер Исак е новиот Златан Ибрахимовиќ? (видео)

Александер Исак стана вистинска ѕвезда во Сан Себастијан, откако со два гола во една недела помогна на Реал Сосиедад да добие два големи натпревари, по што баскискиот град е полн со маички, чаши и перничиња со неговиот лик.

20-годишниот млад Швеѓанец има осум гола во последните шест меча и 14 во само 11 старта за Сосиедад оваа сезона, покажувајќи го својот талент откако беше „отфрлен“ од Борусија Дортмунд, а посебно импресионираа неговите голови против Реал Мадрид и баскиските ривали Атлетик Билбао.

Фудбалерот, кој има потекло од Еритреа, почна во својот домашен клуб АИК во предградието на Стокхолм како шестгодишно момче, за да дебитира во февруари 2016 во првиот тим. Во април тој стана најмладиот стрелец на клубот во првата лига. Една година подоцна, тој беше во Борусија Дортмунд, кои платија 9 милиони евра за него, откако тој отфрли можност за трансфер во Реал Мадрид.

Слично како фудбалерот со кого честопати го советуваат, Златан Ибрахимовиќ, следниот чекор беше холандската Ередивизие, откако Дортмунд го пратија во Вилем Втори, клуб со кој имаше 14 гола во 18 меча. Тоа не беше доволно да ги убеди БВБ да го заддржат и минатото лето тие го продадоа на Сосиедад за ниска цена од 6.5 милиони евра, иако оставија опција да го вратат во Бундеслигата за 30 милиони евра во јуни.

Исак прво даде убав гол против Реал, кој му беше поништен, по што во второто полувреме даде два гола за 4:3 победа на Сосиедад на „Бернабеу“. Против Атлетик во неделата, тој влезе од клупата и веднаш му асистираше на Порту за водство на неговиот тим. Откако Ињаки Вилијамс израмни, Исак го постигна победничкиот гол за веднаш да се најде во песните на навивачите на клубот.

Шпансктие медиуми веќе го најавија Исак како „црниот Ибра“, а весникот „АС“ дури одеше со бизарен наслов: „Шведскиот Ибра“. Исто како Ибрахимовиќ, Исак е голем и силен пред голот, а има и забележителни технички квалитети. Тој може лесно да ја носи топката во напад, а постигнува голови и со лева и со десна нога.

„Исак е во ѕверовска форма. Тој е во позиција да стане првиот напаѓач на голем клуб како Реал Сосиедад. Очекувавме многу од него, но ова дојде пребргу. Сите кои го познаваат знаат дека се работи за посебен талент“, вели неговиот поранешен соиграч, Даниел Нанског од Малме.

Scroll to Top