Top Sport

Дали Антонио Конте може да го „спаси“ Арсенал?

Поранешниот тренер на Јувентус, Интер и Челси, Антонио Конте е првиот фаворит да го замени Микел Артета на клупата на Арсенал, тврди британскиот „Сан“.

Позицијата на Артета се разниша уште по првиот меч од новата сезона во Премиер лигата, откако загубија со 2:0 од новиот прволигаш Брентфорд, по што „топчиите“ веќе размислуваат за следниот тренери, со Брендан Роџерс од Лестер и Конте како главни фаворити.

Конте го освои скудетото со Интер по 10-годишна пауза, но го раскина  договорот со „нераѕурите“ околу несогласувањата со трансферите на клубот, кој потоа ги продаде Ашраф Хакими и Ромелу Лукаку.

Весникот тврди дека Конте бил во преговори со Тотенхем во текот на летото, но дека клубот не му ги исполнил барањата за голем буџет за засилувања. Како дел од взаемниот договор за раскинување со Интер, тој оваа сезона не може да биде на чело на друг италијански клуб.

Scroll to Top