Top Sport

Дали е готово? Ајакс и Јунајтед се договорија за трансферот на Антони

Манчестер јунајтед и Ајакс се многу блиску до договор за трансфер на Бразилецот Антони, јавуваат повеќе англиски и холандски медиуми. Викендов, конечно, имало пробив во преговорите и речиси сигурно ќе има трансфер пред крајот на преодниот рок во четврток.

Ајакс претходно ги одбија двете понуди на Јунајтед од 80 и 90 милиони евра, последната во петокот, но би се согласиле за понуда поблиска до 99 милиони евра.

Антони јасно порача дека сака да замине од Ајакс за да работи со својот поранешен тренер, Ерик Тен Хаг, откако постигна 18 гола во 57 настапи за Ајакс од 2020 година, кога холандскиот клуб плати 15 милиони евра за него на Сао Пауло. 22-годишното крило одби да тренира со тимот, и не беше во составот на тимот за денешниот меч против Утрехт.

Scroll to Top