Top Sport

Дали Јуве ќе го „украде“ Халанд пред англиските клубови?

Јувентус се првиот клуб кој му понудил на вундеркиндот на РБ Салцбург, Ерлинг Браут Халанд одлични „лични“ услови откако беше откриена неговата клаузула за раскин од само 20 милиони евра, тврди „Кориере дело спорт“.

Италијанскиот шампион е еден од големите клубови кои се заинтересирани за 19-годишниот норвешки напаѓач, кој е ценет на над 100 милиони евра, откако постигна 28 гола во 21 меч оваа сезона.  Јуве наводно му нуделе на Халанд 3 милиони евра по сезона плус бонуси и сметаат на него како на совршена замена за Марио Манџукиќ, кој е „замрзнат“ во клубот.

Сепак, се верува дека Манчестер јунајтед уште се фаворити да го обезбедат потписот на Халанд и тоа уште во јануари, а сериозно заинтересирани се и Борусија Дортмунд, како и „братскиот“ клуб на Ред бул Салцбург, РБ Лајпциг.

Scroll to Top