Top Sport

Греневелд: Сите му советуваа на Федерер да нема врска со Мирка

Поранешниот главен тренер на Швајцарската тениска федерација, Свен Греневелд вели дека многу блиски луѓе на Роџер Федерер му советувале да не се обидува да има врска со Мирка Вавринец откако двајцата се запознале на Олимпијадата во Сиднеј во 2000.

Федерер и Вавринец, кои сега се во брак и имаат четири деца заедно, се сретнаа додека двајцата играа за Швајцарија на Олимпијадата и додека Вавринец беше активна на ВТА турнејата.

„Тој ги праша сите дали да излезе со неа и сите му кажаа да него прави тоа. Но, на крајот за среќа тој не ги послуша и тоа беше најдобрата одлука во неговиот живот“, вели Греневелд.

Мирка се пензионираше од тенисот во 2002 година поради постојана повреда на стапалото, а во кариерата влезе во топ 100. Двајцата играа заедно за Швајцарија во Хопман купот во 2002 година.

Холанѓанецот Греневелд исто така зборуваше за неславниот конфликт меѓу Федерер и Стен Вавринка во нивниот дуел на полуфиналето на АТП финалето во 2014 година, објаснувајќи дека порано имало поголема тензија кај швајцарските тенисери, која сега успеал да ја намали капитенот на Дејвис купот, Северин Лути.

„Имаше доста проблеми и навистина не ми се верува дека успеаја да ги надминат. Стен на крајот се смееше за конфликтот“, вели Греневелд.

Scroll to Top