Top Sport

Фертонген, сепак, немал потрес на мозокот против Ајакс

Тотенхем објавија дека Јан Фертонген не доживеал потрес на мозокот во текот на натпреварот со Ајакс откако беа направени целосни медицински прегледи на белгискиот дефанзивец.

Бекот на лондонскиот клуб се судри со колегата Тоби Алдевајрелд и голманот на Ајакс, Андре Онана во првиот меч од полуфиналето од Лигата на шампионите по што дојде до грди сцени – тој прво доби медицинска помош, но се врати на теренот, пред едвај да стои на нозе и да биде изнесен од стадионот.

Тотенхем беа критикувани за оваа одлука, но клубот тврди дека сите процедури биле испочитувани и инсистира дека Белгиецот немал потрес на мозокот.

„Јан беше повлечен откако го информираше медицинскиот тим за симптомите, односно дека не можеше да стои но нозе. Добивме информации дека ова е резултат на пресинкопален синдром, или несвестица. Специјалистот препорача дека е потребна кратка рехабилитација пред враќањето на тренингот“, се вели во соопштението на клубот.

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино исто така застана во одбрана на медицинскиот тим.

„Прво мораме да го штитиме здравјето на фудбалерот. Медицинскиот тим го следеше протоколот и одлучи дека е можно Јан повторно да игра. Но, нему му се слоши и моравме да го смениме. Секако дека бевме загрижени, но во такви ситуации, медицинскиот тим е шефот. Не можам да се сомневам во нивната проценка“, вели Почетино.

Застрашувачки момент! Фертонген заработи повреда, едвај излезе од терен (видео)

Scroll to Top