Фудбалот ќе се врати по пандемијата на корона вирусот во сосема нов амбиент во следните месеци, со применување на мерките за социјално дистанцирање, а дел од фановите сметаат дека е конечно време да стави крај на непријатната навика за плукање во текот на мечевите.
Професионалните фудбалери никако да се одвикнат од непријатната навика за плукање, понекогаш со помош на шише вода, нешто што честопати се покажува и на ТВ-снимките.
Холанѓанецот Френк Рајкард, несомнено еден од најголемите фудбалери од среден ред во историјата, за жал ќе остане и забележан во историјата по еден од најнепријатните инциденти со плукање, откако го плукна во коса Руди Фелер од Западна Германија во моменти кога двајцата добија црвени картони на СП во 1990 година.
Сега, ФИФА размислува за казнување на оваа незгодна навика поради опасноста за ширење на вирусот.
„Плукањето е вообичаено во фудбалот и не е премногу хигиенска навика. Кога фудбалот ќе се врати, мислам дека ќе треба да го избегнуваме тоа најмногу што можеме. Прашањето ќе биде дали тоа ќе биде возможно и дали е потребно фудбалерите да добиваат жолти картони за тоа. Тоа е нехигиенски и одличен начин за ширење на вирусот. Тоа е една од причините поради кои е потребно големо внимание“, вели претседателот на медицинската комисија на ФИФА, Мајкл Д’Хог.