Top Sport

Претседателот на ПСЖ, Ал-Хелаифи пред швајцарскиот суд во септември

Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелаифи и поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке во септември ќе мора да се појават пред швајцарскиот суд под обвинени за корупција околу ТВ-правата.

Двајцата ќе бидат судени во југоисточниот швајцарски град Белинцона заедно со уште трет, засега неименуван, обвинет, за корупција, фалсификување документи и криминална небрежност.

Ал-Хелаифи, кој исто така е и претседател на катарскиот ТВ-канал „БеИН спортс“, е обвинет дека му давал подароци на Валке за да ги обезбеди правата за престижни натпреварувања на ФИФА, вклучувајќи ги и Светските првенства во 2026 и 2030 година. Во замена, Валке, поранешниот втор човек зад претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, добивал бесплатна посета на луксузната вила на Ал-Хелаифи на италијанскиот остров Сардинија. Компанијата на Валке, „Спортјунајтед“ исто така добила 1.25 милиони евра од третата неименувана личност.

Ал-Хелаифи тврди дека случајот е „целосно без основа“ и дека нема докази да се стигне до пресуда.

Scroll to Top