Правилата на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) велат дека Лионел Меси може да добие драстична казна од 12 меча суспензија откако го доби првиот црвен картон во дресот на Барселона по бруталниот напад на напаѓачот на Атлетик Билбао, Асиер Вилјалибре.
Меси, исфрустриран откако неговиот тим прими гол во 90-тата минута, и потоа во продолжението од финалето на Шпанскиот Суперкуп, го удри Вилјалибре без топка, и според РФЕФ ако тој е обвинет за „агресивно однесување“, тогаш може добие казна од 4 до 12 меча. Со 12 меча казна, капитенот би бил отсутен од голем дел од домашниот шампионат. Доколку биде проценето дека инцидентот не е „агресивен“, тогаш казната е од еден до 3 меча.
Самиот Вилјалибре не сакаше многу да зборува за фаулот.
„Мислам дека нема потреба да правиме контроверзи, сите тимови прават фаули, клучот е да не се предадеш потоа. Зошто се налути? Го ставив телото напред, а тој реагираше бесно“, вели Вилјалибре.
Messi sees red for an off-the-ball swing. pic.twitter.com/PAW8cm95OR
— ESPN FC (@ESPNFC) January 17, 2021