Top Sport

Дали Потер е „готов“? Бели: Ср.ње, еб.н натпревар!

Газдата на Челси, Тод Бели беше исфрустриран откако неговиот тим повторно загуби „сигурни“ поени по 2:2 ремито со Евертон, зголемувајќи ги шпекулациите дека менаџерот Греем Потер е пред отказ.

„Сините“ беа на чекор до три поени против „карамелите“ по 2:1 водството, пред Елис Симс да израмни во 89. минута и да го остави Челси на 10. место на табелата со 11 поени заостанување зад топ 4 пласман. Американскиот газда Бели не беше во најдобро расположение кога си заминуваше од стадионот, откако еден фан го сними како вели: „Ср.ње! Еб.н натпревар“.

За среќа, сега следува интернационалната пауза, пред Челси да ги пречекат Астон вила на 1 април.

Scroll to Top