Top Sport

Сампдорија со прва победа од јануари!

Сампдорија го доби „дербито на дното“ против Верона, победувајќи со 3:1 благодарение на двата гола на Марко Габијадини и зголемувајќи ги надежите дека е можно чудо и опстанок во Серија А за тимот кој е во големи финансиски проблеми. Ова е прва победа на тимот на Дејан Станковиќ од јануари!

Исходот на мечот беше одлучен во девет минути во првото полувреме – Габијадини прво ги донесе Самп во водство во 25. минута, за во 34. минута да го удвои водството. Верона исто така двапати ја смести топката во мрежата на домаќините во второто полувреме преку Адолфо Гаич, во 61. и 66. минута, но двапати головите беа поништувани од ВАР поради офсајд. Давиде Фараони во 89. минута, конечно, стрелаше за Верона за да го направи финишот на мечот крајно неизвесен, пред Алесандро Ѕаноли да стави точка на мечот во 97. минута.

Победата ја крева Сампдорија од последното на претпоследното место со 19 поени, два пред Кремонезе, додека пред нив останува Верона со 19 поени. Сепак, безбедната зона останува далеку за двата клуба – на 17. место Специја има 24 поени.

Scroll to Top