По разочарувачката прва сезона во дресот за Пари Сен-Жермен, Лионел Меси очигледно добро се „навикна“ на францускиот фудбал, откако вчера најверојатно го имаше најдобриот меч за ПСЖпри 2:1 победата над Ница.
35-годишниот Аргентинец го диктираше темпото на мечот, покажувајќи го својот несомнен талент со неколку убави дриблања, а секако тука беше и прекрасниот гол од слободен удар.
Оваа сезона Меси има 5 гола во Лига 1, откако лани во цела сезона постигна само шест гола, а тука се и седумте асистенции на стартот на сезоната.
Lionel Messi vs. OGC Nice. Enjoy. ?pic.twitter.com/JNMoEhnwec
— Roy Nemer (@RoyNemer) October 2, 2022