Top Sport

Далиќ: Дојдовме да го освоиме трофејот во Лигата на нации

Хрватска продолжува да испишува златни страници од својата фудбалска историја. „Коцкестите“ освоија сребрени и бронзени медали на СП 2018 и на СП 2022 година во Русија и во Катар, а сега селекцијата на Златко Далиќ ќе игра на завршниот турнир во Лигата на нации.

Хрватите ќе играат против домаќинот Холандија во полуфиналната пресметка која е закажана за вечерва (20.45 часот) во Ротердам.

Селекторот Златко Далиќ прокоментира дека неговиот тим е подготвен за нови успеси и ќе направи сѐ за да ги оствари.

„Имавме проблеми во првите две изданија на Лигата на нации, но сега постигнавме импресивни резултати. Сакаме да дадеме максимум и да постигнеме уште еден одличен резултат. Сметаме дека е неверојатен успех да се биде во Топ 4 на ова натпреварување. Но, немам што да кријам, дојдовме во Ротердам да го освоиме трофејот во Лигата на нации. И работиме за тоа“, нзјави Златко Далиќ на прес-конференцијата пред натпреварот.

 

Scroll to Top