Top Sport

Пораз на Обрад Марковски: Македонија губи од Малта со 1:0 во Дејвис Купот

Македонската Дејвис Куп репрезентација го загуби првиот меч во дуелот со Малта од првото коло во Третата Европска зона од Дејвис купот. Обрад Марковски во мечот на второторангираните тенисери од репрезентациите загуби со 2:1 во сетови (4:6 6:2 7:6) од Алекс Дегабриеле за два часа и 46 минути игра.

Во првиот сет двајцата тенисери до резултат 3:3 во гемови го освојуваа својот сервис. Потоа Марковски направи брејк и поведе со 4:3, но противникот направи „ри-брејк“ за 4:4.

Следуваше уште еден одземен гем на сервис на ривалот и Марковски поведе со 5:4, а потоа го реализираше и својот сервис за 6:4 за водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет Дегабриеле почна одлично и поведе со 5:0 со два брејка, а Марковски само еднаш потоа направи брејк и намали на 5:2, но потоа тенисерот од Малта израмни на 1:1 во сетови.

Решавачкиот сет почна со брејк на македонскиот тенисер, но противникот врати веднаш во следниот гем и Марковски ја испушти предноста и до 4:3 немаше ниту еден брејк. Во осмиот гем Марковски направи три двојни сервис грешки и противникот поведе со 5:3. Но, нашиот тенисер го врати брејкот во следниот гем, а потоа изедначи на 5:5.

Драмата во сетот продолжи и мечот беше решен во тај-брејк кој го доби Дегабриеле со 7:3 откако на крајот имаше серија од четири поени.

Во вториот сингл меч за Македонија ќе настапи Калин Ивановски против Лиам Деликата.

Scroll to Top