Златко Далиќ, селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, дуелот со Аргентина во полуфиналето на Мундијалот ќе го започне со истиот тим кој го елиминираше Бразил во претхдната рунда.
Вечервак од 20 часот Хрватска ќе игра против Аргентина во полуфиналниот натпревар на Светското првенство во Катар.
Избраниците на Златко Далиќ се на прагот на неверојатен успех, успехот што го постигнаа во 2018 година кога стигнаа до финалето на Светското првенство.
Пред четири години ја елиминираа Англија, а сега ривал е Аргентина, а главното прашање пред натпреварот е кој единаесет селектор Далиќ ќе игра.
Според хрватските медиуми, Далиќ би требало да се определи за истите единаесет како против Бразил.
Тоа значи дека составот би бил следниов: Ливаковиќ – Јурановиќ, Ловрен, Гвардиол, Соса – Брозовиќ, Модриќ, Ковачиќ – Пашалиќ, Перишиќ, Крамариќ.
Тоа значи дека Пашалиќ треба да добие шанса пред Влашиќ, како и Крамариќ пред Петковиќ – стрелецот против Бразил.