Top Sport

Далот не оди никаде – Јунајтед му дадоа договор до 2028

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Диого Далот стави крај на сите шпекулации потпишувајќи долгогодишен договор со клубот од „Олд Трафорд“.

24-годишниот Далот оваа сезона стана еден од стандардните првотимци на Ерик Тен Хаг, со 42 настапи во сите натпреварувања, но беше поврзуван со трансфер во Шпанија, каде што Реал Мадрид и Барселона го сакааа Португалецот. Тој сега потпиша нов петгодишен договор со кој останува во клубот до 2028 година.

„Да се игра за Манчестер јунајтед е една од најголемите почести кои можете да ги добиете во фудбалот. Заедно поминавме некои фантастични моменти во последните пет години и мојата страст за овој клуб растеше со секој ден. Како група фудбалери сметаме дека сме на старт на еден посебен пат и можам да ветам дека ќе се посветам на остварувањето на целите“, изјави Далот.

Scroll to Top